За нас, бизнисот значи давање помош и поддршка на нашите партнери. Бизнисот значи способност да се идентификува она што е потребно и да се обезбедат решенија за вашите проблеми.
Ние сме меѓународна агенција за услуги којашто го поддржува деловниот развој на нашите партнери и нивното проширување на пазарот.
На нашите партнери им помагаме да освојат нови географски подрачја и подобро да навлезат на постојните пазари, ги водиме при нивното позиционирање на пазарот и целосно ја олеснуваме нивната промоција и процесите поврзани со продажбата кон нивните крајни корисници.
Во моментов ги застапуваме нашите партнери во Албанија, Бугарија, Кипар, Грција и Македонија.
Дали сакате да го зголемите вашиот удел на пазарот? Дали би сакале вашите производи и услуги да се пласираат во нови географски области?
Нашите партнери го бираат Force Link за нивен комерцијален претставник бидејќи знаат дека, кога ние ги претставуваме, нивната мисија станува наша мисија! Ние ја преземаме улогата на нивно официјално претставништво во избраниот регион и ги вложуваме сите наши ресурси со цел да ја зголемиме нивната продажба.
Дали сакате да ја зголемите видливоста на вашите производи и услуги? А да добиете нови потенцијални клиенти?
На нашите партнери им помагаме подобро да навлезат на пазарот преку истражување и анализа на истиот, директен маркетинг и таргетирана промоција. Стоиме зад производите и услугите на нашите партнери и се трудиме нивната вредност да ја претставиме на новите потенцијални клиенти.
Потребна ви е помош при воспоставување на поефективни и поефикасни продажни процеси? Сакате да имате стабилни трошоци за продажба?
Продажбата е она што најдобро го знаеме. Идентификуваме нови можности, склучуваме договори и ги следиме сите активности поврзани со продажбата. Ова значи дека го преземаме олеснувањето на целокупните продажни процеси за производите и услугите на нашите партнери.
Кога нашите партнери растат, растеме и ние. Затоа сакаме високо поставени цели и големи предизвици.
Дали би сакале да ја зајакнете и да ја подобрите соработката со вашите клиенти? Или да најдете конструктивен начин за справување со сложените односи?
Force Link им заштедува скапоцено време и ресурси на своите партнери преку олеснување на нивните односи со клиентите и градење на стабилнa соработка помеѓу компаниите. Развиваме и одржуваме соработка помеѓу нашите партнери и нивните клиенти и ги решаваме предизвиците што се појавуваат во текот на тој процес, на тој начин осигурувајќи трајни и продуктивни односи.
Дали сакате да ја подобрите ефикасноста на луѓето со коишто соработувате?
Ние нудиме активности за подучување и обуки коишто вам и на вашите клиенти ќе ви помогнат да постигнете повисока продуктивност и ефективност. Ние ги обучуваме вработените да согледаат на што точно треба да се фокусира нивното индивидуално работење и како да го искористат тоа со цел да придонесат кон севкупниот раст на компанијата. Исто така, нудиме обуки за производите и услугите што ги им ги промовираме на вашите клиенти.
Не постои такво нешто како услови за стабилна продажба! Може да има само статистика што оди во нагорен или во надолен тренд! За нас, стабилна компанија е компанија што постојано расте и ги зголемува своите продажни статистики!
На графиконот даден подолу е прикажано како ги зголемуваме годишните приходи од продажбата на нашите партнери почнувајќи од 2012 година
(комбинирана статистика за сите наши партнери)
Можете да се движите низ табелата хоризонтално за да видите други детали.